Град Скопје: Градоначалникот на Кисела Вода нема ниту основна култура

by Fokus

Од Град Скопје реагираа на прес-конференцијата на градоначалникот на скопската општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски.

„Градоначалникот на општина Кисела Вода, кој освен што е функционално неписмен, нема ниту основна култура на однесување“ се вели меѓудругото во реакцијата од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека „имотот на парцелата на ЈП „Дрисла“ е во сопственост и основана од страна на Советот на град Скопје е во директна надлежност на градот Скопје“.

„Оттука, произлегува дека т.н. „правен тим“ на Ѓорѓиевски е значително помалку едуциран за проблематиката за која е советуван градоначалникот. Негов е проблемот пак, што ја прифатил ваквата сугестија. Она што ме радува пак од прес конференцијата на Ѓорѓиевски е фактот што тој денес призна дека токму ВМРО-ДПМНЕ во содејство со отпадници од владејачката ДУИ и СДСМ се организатори на блокадата на работата на КХС. Сакам да изразам и жалење за ноторните лаги на Ѓорѓиевски, кои пак произлегуваат, претпоставувам од неговата функционална неписменост – општина Кисела Вода нема никаков договор со Дрисла, напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.7.2023 година. Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“ – стои во реакцијата на Град Скопје.ж

Оваа реакција доаша по тврдењата на Ѓорѓиевски кој рече дека „нема основа за казната кон општина Кисела Вода од страна на инспекторите на Град Скопје“.

Ѓорѓиевски во врска со изречената казна од над 80 000 евра од страна на Град Скопје за оставеното ѓубре пред влезот на депонијата Дрисла порача дека „градоначалничката Арсовска не си ги знае надлежности зашто `Дрисла` не се наоѓа во границите на Град Скопје“.

„Истата е лоцирана во дел на Сопиште, дел во општината Студеничани. Општини кои што се надвор од границите на Град Скопје и од ингеренциите на Град Скопје. Сакам да ја прашам Арсовска, дали ги знае своите надлежности кога испраќа инспектори од Град Скопје даказнуваат надвор од границите на Град Скопје?“ рече тој.

Поврзани новости