СДСМ ги злоупотребуваа парите на скопјани четири години. СДСМ во изминатите години без план, без проекти, брз реализација го презадолжија градот и јавните претпријатија ги оставија како загубари. СДСМ не можат да се помират со фактот дека граѓаните го казнија нивното недомаќинско, расипничко владеење и повеќе нема да можат да трошат народни пари за луксузирање по кафани“, реагираат од администрацијата на Данела Арсовска.
-32 илјади евра наменети од Шилегов и СДСМ за јадење и пиење по кафани, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги пренамени за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории.
Во изминатите месеци се документираат корупциски скандали и злоупотреби на претходното раководство на Град Скопје предводено од Шилегов и директорите кои тој ги поставил, за кои СДСМ се обидува да им го покрие срамот со напади, навреди и манипулации, додаваат оттаму.