290
Мотивот за убиството на малолетничката Вања е користољубие, но она што е најгрозоморно за јавноста е тоа што грабнувањето било во договор со таткото на девојчето кој го договарал со организаторот на групата, а првоосомничен е бизнисменот Палевски.
Таткото им кажал во кое време оди девојчето на училиште, а целта била да се изнудат пари од мајката.
Ова се првичните информации што утрово ги соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Оваа група го познавала семејството и според него се работи за група криминалци, монструми.
Таткото е уште во полициска станица.
Спасовски изрази длабоко сочувство до семејството.