ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека нејзината експозитура денес 07.02.2020 година во 9.20 часот во центарот на Велес е ограбена од непознат сторител.
За време на настанот вработените во Банката постапиле според процедурите и претходно дадените упаства, кои се применуваат во вакви случаеви.
Никој од вработените не е поврeден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти во Банката.
Во моментов се работи на утврдувањето на висината на износот на ограбените средства.
Средствата на Банката се претходно осигурани во надлежна осигурителна компанија во функција за елиминарање на секаков ризик од ваков вид настани.
Безбедносните камери јасно го лоцираат ограбувачот и истите се предадени на надлежните служби при МВР, кои се излезени на местото на настанот и превземаат професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан.