Македонската компанија ГП Маврово ја изгради делницата од Струма каде се запали автобусот со македонски регистрациски табличкии усмрти 46 лица, тврди „24 часа“.
-Од пред 15 години стана јасно дека оваа делница е со многу слаб квалитет. Лоша подлога и меки заштитни огради. Рефлекторите на нив, таканаречените мачкини очи, не ја рефлектираат светлината на фаровите и тешко се ориентираат, особено на аглите. Кривините имаат обратен наклон и собираат вода“.
Секогаш има локви на дожд и има опасност од аквапланинг. Затоа овој „автопат“ не е сертифициран како таков. Ограничувањето на брзината на него е 120 км/час, пишува порталот.
Уште пред 15 години возачите го предупредија тогашниот министер за транспорт Петар Мутафчиев дека патот е опасен и прашање на време е кога ќе стане голема несреќа, објави бугарскиот портал.