Говорот на омраза на Твитер расте без преседан откако дојде Маск

by Fokus

Истражувачите откриваат дека порастот на говорот на омраза на Твитер е без преседан откако компанијата ја презеде Елон Маск, кој пак себеси се опишува како „апсолутист за слободен говор“.  Пред да го купи Твитер, навредите против црните Американци се појавуваа на на социјалната мрежа во просек 1.282 пати на ден, а откако милијардерот стана сопственик на Твитер, тие скокнаа на 3.876 пати на ден.

Навредите против геј мажите се појавуваа на Твитер 2.506 пати дневно во просек пред господинот Маск да ја преземе функцијата, а сега  нивната употреба се зголемила на 3.964 пати на ден. И антисемитските објави, кои се однесуваат на Евреите или јудаизмот, се зголемија за повеќе од 61 отсто во две недели откако се смени сопственоста.

Овие наоди – од Центарот за борба против дигитална омраза, Лигата против клеветата и други групи кои ги проучуваат онлајн платформите – даваат најсеопфатна слика до сега за тоа како се сменија постовите  на Твитер откако Маск го комплетираше својот договор од 44 милијарди долари со компанијата кон крајот на октомври. Иако бројките се релативно мали, истражувачите рекоа дека зголемувањата биле атипично високи.

Промената во говорот е само врв од низата промени. Профилите што Твитер редовно  ги отстрануваше – како што се оние што се идентификуваат како дел од Исламската држава, кои беа забранети откако американската влада ја класифицира ИСИС како терористичка група – се вратија. Сметките поврзани со QAnon, огромна екстремно десничарска група за терории на заговор, платија и добија статус на Твитер, што им дава легитимитет.

Поврзани новости