Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, го нарече оксиморно денешниот говор на претедателот Ѓорги Иванов во Собранието.
-Кога би го ставиле на полиографски тест, за да се дешифрира суштината, тогаш навистина би изгледало многу шашаво, а можеби би функционирало како космодиск демократија, но би го збунил полиграфот за целиот говор, каков што беше и какви што беа пораките – смета Груби.
ДУИ има над 26 забелешки на говорот на Иванов, но тој посебно се осврна на законот за јазиците.
-Со тој закон се заокружува Охридскиот рамковен договор. Потпишан е од четирите најголеми партии во 2001 година, како и од тогашниот претедател Борис Трајковски. Законот извира од тој договор и од квалитативната анализа од Европскиот институт за мир, од предпристапниот дијалог со ЕУ, и од најбитното- извира од Уставот на РМ, аманданот 5 на членот 7, и е во целосна согласност со Уставот – рече Груби.
Иванов, според него, треба да даде придонес за општестена кохезија, за добри меѓуетнички односи, но и добрососедски односи.
-Скандалозни беа неговите коментари кон соседите и посебно кон Приштина и Косово, што е апсолутно неприфатливо за нас како пратеници на ДУИ и всушност Иванов треба да се извини за тие коментари – смета пратеникот Груби.