Говорот на Данев го испровоцира Мисовски: Вие ли најдовте да говорите за криминал и корупција?

by Фокус

Пратеникот од НСДП Горан Мицовски на денешната парламентарна седница истакна дека бил испоровоциран од говорот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, особено од делот каде Данев ја обвинуваше владата за криминал и корупција.

-Тоа е исто како крадци да влезат во вашиот дом и да ви го украдат мебелот и после два-три дена тие да дојдат кај вас и да ви речат зошто ви е празно во станот. За да говорите за корупција и организиран криминал, мора да се оградите од криминалот на претходното раководство. Оваа влада го расчистуваше пустошот што го оставивте – рече Мисовски.

Во контрареплика, Данев возврати дека обвинувањата не произлегуваат само од опозицијата, туку, како што рече, од земји-членки од ЕУ, како Франција, Холандија и Данска.

-Вие им реплицирате на претставниците на овие држави, кои пишуваат дека постои активен систем што им овозможува бенефиции на сопствените партиски членови. Тие велат дека борбата против организираниот криминал и корупција не дава задоволувачки резултати. Осудено лице е директор на клиника… – нагласи тој.

Поврзани новости