Гоце Седлоски „старо-нов“ тренер на ФК Вардар

by Fokus

Екс капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски е старо-новиот тренер на ФК Вардар. Тој е четвртиот предводник на „црвено-црните“ оваа сезона откако претходно беше прекината соработката со Горазд Михајлов, Горан Петрески и вчера со Срѓан Захариевски.

Седлоски се враќа во Вардар откако во периодот од 2015 до 2017 година беше на клупата на скопскиот клуб и со него освои две шампионски титули.

Седлоски го презема Вардар во моменти кога тимот е на последната позиција на табелата во македонската Прва лига, а до крајот на есенскиот дел има уште 5 кола.

Поврзани новости