677
Двајца жители на гостиварското село Балиндол се лишени од слобода, поради кражба на гуми од моторни возила.
„На 29.11. 2019 во 17,30 часот во Гостивар полициски службеници ли лишиле од слобода Л.М.(26) од Гостивар и А.М.(28) од с.Балиндол-гостиварско поради постоење основи на сомнение дека извршиле тешка кражба пријавена на 22.11 во Гостивар. Кај нив пронајдени биле и одземени 45 гуми за различни моторни возила кои потекнувале од тешката кражба. Одземените гуми биле вратени на сопственикот.