Гостиварци го блокираа влезот на депонијата Русино

by Frosina Fakova

Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ го затвори влезот на депонија Русино.

Поставена е рампа на патот кај „Микрогранулат“, во близина на депонијата, а подигнати се и шатори каде ќе престојуваат учесниците на блокадата.

Тие бараат таа да биде целосно изгаснат за отровниот чад кој се шири да не го дишат жителите на Гостивар и на околните села. Исто така, бараат да се обезбедат камери, за локацијата да се обезбеди од дивите потпалувачи.

Блокадата ќе трае дест дена а ќе се пропуштаат само камионите кој го собираат отпадот од Гостивар.

Од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ бараат локалните власти заедно со државните да најдат нова локација на која ќе се изгради депонија по европски стандарди, бидејќи граѓаните на Гостивар не се согласуваат „Русино“ да биде регионална депонија.

Поврзани новости