90
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Ч.(20) од село Топлица, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Според информациите, на 05.07.2023, пријавената во полициска станица лажно пријавила дека претходниот ден Ф.Т. извршил полови дејствија врз неа.