630
Вчера попладне, жител на Гостивар пријавил дека бил физички нападнат во кафеана од неговата сопруга со тврди предмети.
„На 13.03.2021 во 16,10 часот С.А. пријавил дека истиот ден околу 15,00 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат со тврди предмети од неговата сопруга С.С.(59) од Гостивар. Таа била приведена и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, додаваат од МВР.