110
МВР денеска информира дека вчера во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Поради смртта на Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар, коалицијата ВРЕДИ го откажа вчерашниот митинг закажан за во Гостивар.