Гостиварец удрил шумар кој вршел претрес врз автомобил со бесправно исечени дрва

by fokus

Жител на гостиварското село Лакавица доби кривична пријава поради тоа што нападнал шумар, кој вршел претрес во автомобил „форд“, пренесуваат од МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Х.(51) од с.Лакавица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 23.09.2019 во с.Лакавица, пријавениот физички го нападнал К.И.(42) од с.Здуње, гостиварско, вработен како шумски чувар во ЈП „Национални шуми“, кој вршел претрес на паркирано патничко возило „форд’’ натоварено со бесправно исечени огревни дрва“, велат од МВР.

Поврзани новости