Гостиварец е обвинет за силување на малолетна девојка, потврдија од Основното јавно обвинителство во Гостивар.
Од таму информираат дека по спроведена истражна постапка, јавен обвинител поднел обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години, наведуваат од Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
На денот кога е пријавено силувањето, оштетената, која е невенчана сопруга на братучед на обвинетиот дошле на гости. По некое време, откако останале сами, обвинетиот се нафрлил врз девојката. Таа според пријавата давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија.