Гостиварец нашол лична карта па подигнал брз кредит

by Fokus

Гостиварецот В.Ф.(27) со туѓа лична карта успеал да склучи договор за набавка на мобилен телефон и да подигне брз кредит од финансиско друштво, пред да биде уапсен од полицијата.

Пред полицијата, уапсениот рекол дека личната карта ја пронашол случајно падната на улица.

-На 21.12.2021 околу 22.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

Тој се сомничи дека со лична карта која наводно ја нашол на улица од друго лице, кое на 16.12.2021 го пријавило случајот, склучил договор за набавка на телефон, а подигнал и кредит во скопско финансиско друштво“, се вели во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости