629
Полициската станица од општа надлежност во Дебар, соопшти дека гостиварец и дебранец го нарушиле јавниот ред и мир во градот.
Лицето Ш.Ч. од гостиварското село Врапчиште и Л.Б. од Дебар вчера на улица „8-Септември“ го нарушиле јавниот ред и мир. Против нив, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според Димоски, претходно во полициската канцеларија во Центар Жупа, А.Ј.(21) од селото Праленик, пријавил дека бил физички нападнат од Е.Е. од истото село. Тој е повикан на разговор и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.