Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Тетово уапсиле жена од Вруток, која на повозрасен граѓанин му украла пари, а барана по потерница за издржување затворска казна.
-Вчера околу 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток. Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека М.И. била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години.
-Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок, соопшти МВР.