460
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 24-годишниот Џ.И. од гостиварското село Дебреше, кој е осомничен дека извршил 13 кражби и седум кражби во обид, информираа од МВР.
Според полицијата, во периодот од мај 2017 година до јануари 2018 година на подрачјето на Тетово, пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет, влегувал во спортски обложувалници, маркети, продавници, аптеки, сендвичари, менувачница, осигурителни компании и џамија, каде што одземал пари, цигари, метален сеф и пиштол. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 295.000 денари.