Директорот на ДПИ, Стојко Пауновски на денешната прес-конференција информираше дека во текот на вчерашниот ден се затворени четири објекти, меѓу кои и еден јога-центар.
Како што истакна Пауновски, инспекторите се постојано на терен и ќе интервенираат и со помош на апелите на граѓаните.
„Четири објекти се затворени, три се угостителски, а еден е јога-центар. Забележани се како работат во 23 часот и до 24 часот. Кај еден објект има кинење на пломба и почнал повторно да работи. И овие казни се ригорозни. Мој совет е да бидеме малку посовесни. Инспекторите се на терен и ги проверуваат сите објекти каде се сомневаме дека има повторно затворање и во вакви услови овие казни се доволни, да се врати свеста кај сите угостители. Имало навреди кон инспекторите од гостите на „Мош“. Субјектот е казнет и по претходниот закон. Објектот ќе биде затворен од 10 до 30 дена“, истакна Пауновски.