Гости во американски ресторан два месеца собирале пари, за да ја изненадат келнерката од Битола!

by Фокус

Филип Пицингрили, агент за недвижнини од Њујорк, објави видео кое масовно се споделува на социјалните мрежи, а чија цел е да се поттикне правењето на добри дела пред празниците.

Имено, на видео снимката направена во ресторанот ,,Билис Хоуместед” во Вебстер, за време на оброкот на семејството на Филип, доаѓа келнерката да им донесе кафе, по што неговата ќерка и подава плик со пари.

Филип и појаснува дека тој и многу негови пријатели донирале, со цел да и го разубават Божиќ и празниците.

-Ова беше групна работа! Околу 60 дена собиравме пари, за да ја изненадиме келнерката за време на појадокот во ресторанот, со бакшиш од 2.200 долари. Таа остана без зборови, целата се тресеше. Тоа беше убав момент, се гледа и реакцијата на останатите гости. Споделете го видеото, во надеж дека и други ќе бидат поттикнати да го направат истото изненадување – објави иницијаторот на гестот кој наиде на многу позитивни коментари.

Околу тоа која е келнерката која го доби пликот со бакшиш, гости на ресторанот во коментари откриваат дека станува збор за Спасија Мушевска од Битола, која живеела и работела во Америка.

-Ја познаваме Спасија. Таа е многу љубезна со гостите и трудољубива. Заслужено и е изненадувањето- се дел од коментарите под објавеното видео.

Вики Клинчарова

Поврзани новости