Гости им носеле празни плика на свадба, младенците во неверување

by Fokus

Српскиот турбо фолк пејач Дарко Лазиќ периодов беше актуелен во регионалните медиуми поради луксузната свадба со неговата избраничка Катарина. Веселбата на која присуствуваше голем дел од српаската естрада се одржа на крајот на август, а вчера за српските медиуми неговата сопруга откри дека биле изненадени од празните плика кои им ги донеле гости на свадбата.

-Најубавиот подарок кој го добивме е слика од нас двајцата, рачно изработена. Но, верувале или не, добивме и празни плика како подарок. Ги поздравувам сите оние кои ни носеле празни плика, многу се изненадивме – изјави таа.

Една недела по свадбената забава, Лазиќ беше гостин на манифестацијата Тиквешки гроздобер во Кавадарци.

И покрај бројните јавни критики дека не треба да гостува на општинскиот настан, бидејќи е познат по неморално однесување и по низа на сообраќајни прекршоци, за време на неговиот концерт сепак на градскиот плоштад во Кавадарци имаше огромен број на публика.

Настанот се пренесуваше во живо на официјалната страница на гроздоберот, и изненади големиот интерес на посетителите, наспроти предвидувањата дека пејачот нема да привлече публика.

Фото: Ata Images

Вики Клинчарова

Поврзани новости