„Господ е жена“ – масовни протести во Полска против забраната за абортус

by fokus

Илјадници демонтранти од цела Полска вчера се собраа во Варшава на најголемиот протест во земјата против одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана на абортусот.

И покрај строгите правила кои го ограничуваат собирот на повеќе од пет лица поради пандемијата со корона вирус, демонстрантите поминаа по централната улица на Варшава носејќи црни чадори, симбол на протестот за правото на абортус и транспаренти на кои меѓу останатото пишуваше и „Господ е жена“.

Јавниот обвинител најавил дека ќе поднесе кривични пријави против организаторите на протестите поради “предизвикување на епидемиолошки закани”, за што е предвидена казна затвор и до осум години.

Клементина Сушанов, една од организаторките на протестите, рече дека истите се организирани поради слободата и достоинството на луѓето.

Лидерката на движењето, Марта Лемпарт, им порача на активистите да пријават било каков напад над нив и да се спротивстават на гонење или казнување поради учество на протестите.

„Не правиме ништо лошо протестирајќи на улиците“, рекла таа на прес-конференција.

Владата забрани собири на повеќе од пет луѓе како мерка против ширењето на корона вирусот, а полскиот премиер Матеуш Моравјецки на почетокот на седмицата предупреди дека собирите би можеле да помогнат во ширењето на вирусот

Ако стапи на сила одлуката на Уставниот суд донесена минатиот четврток, според која абортус во случај на вродени оштетувања на фетусот е неуставен, во Полска жените ќе можат да абортираат само во случај на силување, инцест или кога постои закана по здравјето на мајката.

Поврзани новости