57
Од полноќ горивата ќе бидат со зголемени цени од половина до денар ипол, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 ден/литар.
Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,50 ден/лит.
За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 ден/кг. бак/са/Фото: МИА архива .