Бугарскиот претседател Румен Радев ја именуваше заменик-претседателката на Ревизорската комора, Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за вршител на должноста премиер на Бугарија, соопштија од прес-службата на претседателот, јави „БТА“.
Радев денеска ќе ја прими кандидатката за привремен премиер, за да ја задолжи да формира привремена влада.
Актуелниот премиер Димитар Главчев претходно денеска ја повлече искажаната подготвеност да ја прифати функцијата по вторпат за да се намали политичката тензија, објави Министерскиот совет на својата веб-страница.
Според чл. 99 од Уставот на Бугарија, откако не е постигнат договор за Влада, претседателот по консултации со пратеничките групи и на предлог на кандидатот за привремен премиер, именува привремена влада и закажува нови избори во рок од 2 месеци.