Гори зграда во Албанија – 40 лица се заробени, 35 се хоспитализирани

by fokus

Пожар кој го зафати трговскиот центар во Лушње, Албанија, се прошири и на остатокот од 12-катницата. Медиумите јавуваат дека околу 40 лица останале заробени во катната зграда, додека 35 се хоспитализирани поради задушување од чад.

Две деца и двајца пожарникари се меѓу оние кои се затруле од чадот.

Противпожарната бригада на градот, со поддршка на противпожарната служба во Тирана, продолжува со гаснење на пламените јазици и евакуација на станарите од зградата.
Во гаснењето на пожарот учествувал и хеликоптер.

Пожарот кој првично избувна на вториот, третиот и четвртиот кат од трговскиот центар Метропол во Лушње се прошири и на становите на горните катови од 12-катницата.

Над 20 лица се пренесени во болницата Лушња, додека брзата помош сè уште доаѓа и си оди. Во меѓувреме, не може да се изброи бројот на заробени лица во трговскиот центар, како и во зградите до зградата на трговскиот центар.

Поврзани новости