169
Густ чад кој се шири над Неготино ги разбуди неготинци утрово.
Првичните претпоставки на граѓаните, дека најверојатно повторно гори депонијата Дуброво се испоставија како неточни, а станувало збор за пожар во неготинското село Пепелиште.
– Од рано утрово се гледаше чадот, еве и попладне се уште гори, среде најголемите жештини, само уште оваа загаденост на воздухот фалеше, коментираат неготинци.
Од центарот за итни случаи информираат дека станува збор за пожар во Пепелиште, и се работело на негово локализирање и гасење.
Се уште нема официјална информација што е зафатено со пожарот.
Вики Клинчарова