659
Попладнево изби пожар на покривната конструкција од нова зграда на местото на некогашниот хотел „Панорама“ на Водно. Пожарникарите со девет возила повеќе од два часа се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Според првичните информации, причина за пожарот се инстаталициите на објектот. Гаснењето е отежнато поради непристапностата на теренот, како и тешкиот пристап жиците и инсталациите.
На покривот на зградата е качен и командирот на Противпожарната бригада, Благоја Менковски.
ФОТО: Телма