Гори на грчкиот остров Крит. Во Ретимно вчера избувна пожар кој не е ставен под контрола, а на терен се и голем број пожарникари кои се борат со огнот.
Пожарот избувнал вчера околу 15.30 часот источно од Аја Параскеви кон Витиак. Пред само еден час жителите во областа Сата добиле порака да се евакуираат во блиската Клима, а оние во Ризикас да се преселат во Мандрес.
Сите имаа иста содржина, што е упатство до граѓаните до кој простор да се движат во зависност од ширењето на пожарот. На гаснење на големиот пожар работат дури 228 пожарникари со 47 возила, а во гаснењето учествуваат и авиони и хеликоптери. Ангажирани се 10 авиони и 6 хеликоптери, од кои два се задолжени за координација.
Општина Амари објави дека Културниот центар во Фурфурас е отворен за оние кои се известени или ќе бидат известени да се отселат од своите домови. Во регионот, пожари имаше во Црна Гора, Хрватска, Албанија, но и во Македонија.