0
Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски изјави дека ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, туку истите ги надминува. На средбата, иако беше поканет, не присуствувал струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Ѓорѓиевски порача дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и несогласувања. ЗЕЛС ќе влезе во директна медијација на процесот, и како што додаде, верува дека ќе ги надминат разликите.
Ѓорѓиевски најави и дека текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу Јакимовски, Костадинов и претставниците на централната власт.