Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати за градоначалник на Скопје

by Fokus

Сите градоначалници работат постојано. Ова не е трка за промоција на можни кандидати за градоначалник на Скопје, изјавија на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС – Орце Ѓорѓиевски во својство на можен кандидат за иден градоначалник на Скопје.

Тој вели дека неговата амбиција е јасно изразена повеќе месеци, две години наназад и смета дека тоа што го сработил во неговата Општина е можност да го искористи личниот и потенцијалот на неговиот тим.

Но, и тој кажа дека ќе има анкети и најдобриот кандидат ќе биде избран, нагласувајќи дека градоначалник треба да се занимава со конкретни проблеми на граѓаните и дека сега во градот Скопје има стагнација.

– Што се однесува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати, тоа говори за демократскиот капацитет на нашата политичка партија, добро е секогаш да има конкуренција. Сега во тек се анкети коишто ги спроведува нашата политичка партија, оној којшто ќе има најдобри резултати на тие анкети, а притоа и ќе претставува најсоодветен кандидат, дали јас ќе бидам тоа, дали ќе биде некој друг, многу е важно да направиме промени во Град Скопје и многу е важно да дојде човек којшто ќе се занимава со решавање на проблемите на граѓаните. Градоначалник не значи да се занимаваш со висока политика и да навлегуваш во високи политики градоначалник, значи да бидеш човек којшто треба да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните. Во Град Скопје имаме стагнација… Кој е најсоодветен кандидат, ќе биде поддржан, изјави Ѓорѓиевски.

Инаку, Ѓорѓиевски во интервју за „Фокус“ рече дека „до крајот на мандатот како градоначалник на Кисела Вода ќе реализира речиси сто проценти од изборната програма со која ја доби довербата од граѓаните“.

Поврзани новости