Ѓорѓиевски најави дека Камениот мост ќе добие осветлување

by vlatko 21:03
21:03

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Камениот мост наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување. Ќе бидат поставени ЛЕД-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што, според градоначалникот, мостот ќе добие нова естетска димензија.

„Денес остварив протоколарна средба со делегација од турската Општина Есенлер и со раководството на Халкбанк АД Скопје, на која потпишавме Протокол за пријателство и заедничка соработка за имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој“, објави тој.

Скопскиот градоначалник ѝ заблагодари на турската општина за посветеноста во реализацијата на проектот, оценувајќи дека оваа соработка е уште една потврда за силните пријателски односи, меѓусебната доверба и заедничката посветеност во унапредување и зачувување на културното наследство на Скопје.

Слични вести