Американската елитна падобранска дивизија, позната по копнени борбени операции и сложени мисии, чека нови наредби по изненадното откажување на планираната воена вежба, дознава „Вашингтон пост“ од воени извори.
Во последните неколку дена американската војска неочекувано откажа голема вежба на штабниот персонал на оваа елитна единица, што поттикна шпекулации во Министерството за одбрана дека војниците специјализирани за копнени борби ќе бидат распоредени на Блискиот Исток, додека конфликтот со Иран ескалира.
Падобранската дивизија со седиште во Форт Браг во Северна Каролина опфаќа бригадна борбена група од четири до пет илјади војници, подготвена за распоредување во рок од 18 часа.
Нивните мисии можат да бидат различни, од заземање аеродроми и клучна инфраструктура, преку обезбедување на американски амбасади, до итни евакуации.
Неочекуваната промена на планот, кога штабниот персонал добил наредба да остане во Северна Каролина, наместо да учествува на вежба во Форт Полк во Луизијана, како и истакнатата улога на 82 дивизија во претходни конфликти, ги засили шпекулациите дека Силите за непосреден одговор би можеле наскоро да бидат активирани.
-Сите се подготвуваме за секој случај – изјавил извор запознаен со ситуацијата.
Прашањата на новинарите биле упатени до Пентагон, кој издаде кратко соопштение: „Поради безбедноста на операциите не разговараме за идни или хипотетички распоредувања“.