215
Кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека ја прифаќа дебатата со кандидатот за градоначалник Амер Мециновиќ.
„Сакам да ве информирам дека ја прифаќам поканата за дебата со мојот против кандидат Амар Мециновиќ, која до мене ја достави Канал 5 телевизија. Тоа е прва телевизија со национална концесија која достави покана за дебата“, посочи Ѓорѓиевски и додаде:
„Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје.
Транспарентноста и почитта кон граѓаните се темели на вистинска демократија, а токму тоа ќе го покажеме и овој пат“.