Ѓоргиевска се дружеше со првата дама на Австрија

by Fokus

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска се дружеше со првата дама на Австрија, Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, тие ја посетиле изложбата на дела на жени претприемачки организирана во соработка со Центарот за управување со промени, прошетале во Старата скопска чаршија, а при  прошетката поразговарале со дел од занаетчиите, а го посетиле и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Потоа учествувале на дебата во Националната галерија Чифте амам.

„Во Чифте амам се одржа панел дискусија на тема „Жените инспирираат“ на којашто воведно обраќање имаа г-a Ѓоргиевска и г-а Шмидауер. На панелот учествуваа успешни жени од земјава, претставнички од областа на политиката, економијата, бизнис и граѓанскиот сектор, културата и други области на којшто се презентираа нивните досегашни постигнувања“, велат од кабинетот.

Поврзани новости