Ѓорѓиев: Висок функционер на МНР ми се закани дека ќе ми се одмазди

by fokus

Ванчо Ѓорѓиев кој беше член на македонско – бугарската Комисија за историја во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека добивал закани од висок фунционер вработен во МНР за да се врати во Комисијата.

-Висок функционер од МНР ми се закануваше лично мене. Првиот пат телефонски побара од мене да си ја преиспитам својата одлука и откако не ме разубеди да се вратам во Комисијата повторно ми се јави. Разговорот траеше само 43 секунди и тој меѓудругото ми рече ,, Да знаеш лично ќе ти се одмаздам, рече Ѓеорѓиев.

Поврзани новости