392
Македонскиот тим во билатералната Комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска одржа брифинг.
На истиот беа презентирани усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања на одредени историски личности како и препораки за подобрување на учебниците по историја.
„Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите“, рече Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата.