Гореше покрив од куќа, слепо момче спасено во последен момент

by Fokus

Слепо момче било спасено во последен момент, откако избувнал пожар во куќа во Струмица.

Пожарот настанал околу 16 часот при што целосно е уништен покривот на трикатната куќа.

Интервенирала Територијалната противпожарна бригада од Струмица со две противпожарни возила и до 17 часот пожарот е ставен под контрола.

Причините за пожарот засега се непознати.

МИА

Поврзани новости