Гореше галија на кејот на Вардар

by Фокус

Пожар ја зафати првата галија на кејот на Вардар во центарот на Скопје, но тој веќе е изгаснат.

Станува збор за галијата која во времето на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов почна да се урива затоа што беше предмет на судско-извршителски постапки. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска, уривањето беше стопирано.

Засега не се знаат причините за пожарот.

 

Поврзани новости