Бугарија тешко дека ќе добие стабилна влада и по четвртите парламентарни избори кои се одржуваат во последните година и половина.
Претходно излезните анкети, а сега и резултатите покажуваат дека победник на изборите е Бојко Борисов и неговата коалиција ГЕРБ-СДС.
-Изборниот резултат во целсот ги потврди предизборните социлошки предвидувања. А добиените гласови од бугарскиот народ ги насочуваат полтичките партии кон компромиси и толерантен политички дијалог, вели за “Фокус” поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев.
Тој додава дека главните проблем во бугарското општество остануваат борбата со високата инфлација и обезбедување социјален мир, решавање на енрегетските проблем и справување со економската криза, влез во еврозоната, воспоставување еквилибриум помеѓу кредитно-монетарната и фискланата политика, реформи во судскиот систем.
-При такви сложени внатрешни и надворешни гео-политички состојби, имајки ја во предвид кризата во Унијата поради состојбите во руско-украинскиот конфликт, сосема е извесно дека политичките партии ќе мора да ги корегираат своите црвени линии и да се обидат да создадат амбиент на одговорно Собрание и одговорна политичка влада. Во тој контекст се можни три сценарија, појаснува Ѓорчев.
Споре него првото сценарио е созавање на коалициона влада помеѓу десната коалиција ГЕРБ-СДС со либералите-партијата на етничкото турско малцинство „Движење за права и слободи” и партијата десно од центарот „Демократска Бугарија”.
Изборниот резултат диктира дека ваквата коалициона влада ќе има тесно мнозинство од 124 пратеника во Собранието кое брои 240 пратенички места.
-Помеѓу ГЕРБ-СДС и етничката турска партија постои долгогодишна традиција на взаемна почит меѓу лидерот на ГЕРБ, Борисов и почесниот претседател и оснивач на „ДПС “ Ахмед Доган. Од друга страна, партијата „Демократска Бугарија“ е составенма од три партии, чии членови се поранешни членови на „старата” бугарска десница СДС, така што деловите на СДС кои се во коалиција со ГЕРБ и деловите од СДС кои се дел од партијата „Демократска Бугарија”, ќе создадат силен десен коалиционен блок помеѓу старата и новата бугарска десница, засилен со константно стабилната и силна партија на турското етничко малцинство, анализира Ѓорчев.
Тој додава дека за вакво сценарио е потребно Бојко Борисов да изведе „политички лупинг”, да го отстапи премиерското место на про-атлантскиот политичар Даниел Митов (екс Министер за надворесхни работи на Бугарија)кој е прифатлива личност не само за ДПС и Демократска Бугарија, туку и за меѓународниот фактор.
-Второто сценарио е доколку коалицијата ГЕРБ-СДС не успее да состави влада и го врати мандатот на претседателот Румен Радев, тогаш е возможно коалиција на се уште политички непрофилираната партија „Продолжуваме со промените” со левицата, составена од партиите „БСП”,„Бугарски подем”, прилагодливата партија од центарот „Демократска Бугарија”, вели Ѓорчев.
Но, според него сите четири партии заедно имаат само 110 гласа во Парламентот и не ќе може да обезбедат мнозинска влада без учество на либералите „ДПС-Движење за права и слободи”.
– Очигледно е дека ниту бугарската десница, ниту бугарската левица не ќе можат да направат владин кабинет без учество на етничката турска партија „ДПС“. Коалицијата на бугарските десни или леви партии со ДПС, на извесен начин е условена со прогресот на демократијата во Бугарија и на национален вознес. Де факто, ДПС е тегот на бугарскиот политички кантар кој го измерува капацитеот на бугарската демократија, заклучува Ѓорчев.
Третото сценарио според него упатува на можност за создавање на експертска-технократска влада.
-Оваа варијанта е најмалку веројатна, имајќи ги во предвид антагонизмите во бугарскиот општествен и политички живот, но постои како можност доколку се знае нужноста проатлански и проевропски профил на бугарската извршна власт и влијанието на САД и Унијта на политичкиот живот во Бугарија. Се разбира, можно е овие избори да бидат сепак само вовед во нови избори, што ќе треба да се одржат во јануари или февруари 2023 година, што ќе значи повторна доминација на претседателот Радев и неговиот служне владин кабинет во политичкиот живот во Бугарија, додава тој.
На вонредните Парламентарни избори,на кој што имаа право да гласаат над 6,6 милиони бугарски граѓани, според “Галуп Интернационал”, при 100% изброени гласови, гласале само 39,5% од бугарскиот гласацки електорат.
Резултатите укажуваат на тоа дека победник на изборите е десната коалиција “ГЕРБ-СДС” со освоени 23,5% гласови или 63 пратенички места.
Втори се партијата “Продолжуваме со промените” со освоени 19,5% гласови или 52 пратенички места.
На трето место е либералната партија на етничките турци „ДПС-Движење за права и слободи” со освоени 15,2% гласови или 42 пратенички места.
На четврто место е националистицкта ултра десна партија „Преродба” со 10,0% гласови или 27 пратенички места.
На петто место е социјалистичката партија „БСП” со освоени 8,9% гласови или 24 пратенички места.
Шеста по освоени гласови е партијата од центарот „Демократска Бугарија” со освоени 7,0% или 19 пратенички места.
Последна, седма партија која што го помина изборниот праг од 4% е партијата „Бугарски подем” со освоени 4,7% гласови или 13 пратеника.
Парламентарниот праг не го поминаа партиите: партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ” , левата партија „Исправи се Бугаријо”, ултра десната “ВМРО-БНД” Итн.
С.Т.