Ѓорчев за 27 април: Обвинетиот Тошта заедно со мене ги бранеше пратениците

by Fokus

Пратеникот Влатко Ѓорчев во моментот во Кривичниот суд сведочи за обидот за убиство на Зијадин Села, што се случи на 27 април во Собранието.

Тој појасни дека кога се обидел да влезе во прес салата од толпа луѓе бил спречен да влезе. Тогаш слушнал истрел, по што како што рече тензијата се зголемила.

-Кога ги видов повредените пратеници решив да застанам пред нив и да ги штитам. Сфатив дека нема да можам сам да ги штитам и почнав да повикувам луѓе заеднички да ги одбраниме луѓето, реце Ѓорчев.

Тој појасни дека на помош ги повикал поранешните пратеници Александар Флоревски и Веле Горгиевски. Потоа го видел и поранешниот голман Антонио Филевски, како и двајца новинари Горан Трпеновски и Бранко Горгиевски кои застанале до него. Ѓорчев потенцираше дека во одбрана застанал и обвинетиот Александар Јовески Тоста.

– Дел од тие што бранеа си заминуваа, но Тошта цело време стоеше до мене и бранеше и активно ги бранеше луѓето. Не само што се туркаше дури и апелираше со зборови да престанат, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека во еден момент Тошта застанал и до вратата и ги спречувал луѓето да влегуваат за да се намали бројот на напаѓачите.

Пратеникот на прашањето дали и тој бил нападнат, истакна дека не бил нападнат многу, коментирајќи дека имало луѓе кои поминале многу потешко поминаа.

Кога почнале експлозиите од шок бомбите, Ѓорчев покасни дека се исплашиле бидејќи не знаеле што точно се случува.

-Бидејќи имаше и чад помислив дека може да има и пожар, па сметав дека побрзо треба да се евакуираме. На нападнатите им беше страв да направат чекор, но јас истрчав и видов дека ходниците се празни по што ги викнав да излезат. Тогаш отидовме во мојата канцеларија, која е веднаш до прес салата, се присети пратеникот.

Пратеникот Ѓорчев појасни и како го евакуирале Села, односно дека од канцеларијата на третиот кат го однеле во пратеничкиот клуб. Таму комуницирал со Села, но појасни дека пратеникот тешко зборувал.

Тој истакна дека го прашал Села која крвна група е, по што откако му ја кажал Ѓорчев со пенкало ја запишал на блузонот кој го носел Села, за да како што рече не се губи време во болница.

-Мислевме да го однесеме во Градска болница, но беше ризично зошто надвор имаше многу луѓе. Решивме да го евакуираме преку гаражата зошто ни јавија дека таму има полиција. Понатаму возило го однесе во болница, а Никола Тодоров или некој од болничарите им јавија на Клиника дека доаѓа, рече Ѓорчев.

Обвинетиот Тошта наместо да му постави прашање на пратеникот му се заблагодари за сведочењето.

В.В.

Поврзани новости