474
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во вечерашниот дуел со Хари Локвенец од СДСМ на телевизија Канал 5 обвини дека власта во Македонија станала и судија и кадија.
-Проблемот е што народот е загрижен, луѓето се иселуваат. Проблемот е што власта е и судија и кадија. Ослободувавте луѓе за да ви гласаат. Од програмата за живот во Македонија, една работа немате реализирано. Ништо немате направено. Во секоја втора куќа имавте ветено вработување, трета нега и слично, а сега вашите функционери не им креваат телефон на граѓаните. Го менувате името, а за тоа не добивте мандат од граѓаните на Република Македонија, рече Ѓорчев.