Ѓорчев: Владата на Заев донесе невиден езгодус, цели семејства се иселуваат

by Фокус

Наместо живот, Владата на Зоран Заев донесе иселување и невиден егзодус од Македонија, од каде особено заминуваат младите и цели семејства, изјави Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Амбасадата на Сојузна Република Германија посочи дека издала по 75 визи дневно, внимавајте тоа се околу 1500 иселени граѓани од Република Македонија само во текот на еден месец. Годишно зборуваме за една година за околу 20 илјади луѓе, можеби и повеќе. Никој не ја знае точната бројка. Амбасадата на Швајцарија оперира со бројка од 500 до 700 визи месечно. Значи ако ја ставиме на една страна амбасадата на Германија со околу 1500 визи месечно, амбасадата на Швајцарија со околу 700 визи, ако на тоа ги додадеме другите земји како што се Белгија, Австрија, Словенија, Норвешка, Канада, САД, Австралија и цела низа на други европски земји, доаѓаме до поразителниот заклучок – рече Ѓорчев.

Тој посочи дека податоците говорат оти се намалува бројот на ученици.

-Во Штип само од почетокот на оваа година се отпишани 77 ученици. Источна Македонија, масовно се иселува. Ако видиме во делот на Кочани имаме иселување на 20 тина ученици. Само во овие два три града зборуваме за 130, 140 иселени ако ги додадеме и околни помали општини. Навистина загрижувачки бројки. Ако само во Штип видиме дека за 10 месеци се иселиле 77 ученици, тоа значи дека ако ги додадеме нивните родители на овие ученици, нивните семејства, децата кои што не одат на училиште само од Штип се иселени околу 400 граѓани. Тоа е 1 процент од популацијата на овој најголем град во Источна Македонија – рече тој.

Поврзани новости