Ѓорчев: Сакате да го ставите во притвор Димовски бидејќи не гласаше за уставните измени!

by fokus

Пратеникот Влатко Ѓорчев вели дека одземањето на пратеничкиот имунитет на Љупчо Димовски е класична одмазда поради тоа што не гласал за уставните измени. Исто така се обрати до пратениците на СДСМ обраќајќи им се со зборовите: Секој ден, сѐ повеќе и повеќе забегувате.

„Господине Богоевски, шарени револуционери, менувачи на Уставот. Ова е одмазда кон Димовски затоа што не гласаше за уставните измени, за промена на уставното име на Република Македонија. И вие и јас Павле Богоевски, колеги од СДСМ, знаеме дека понудата до Димовски беше да гласа за промени на Уставот, и дека ќе куртули од политички прогон. И тука има пратеници им се нудени дилови и цифри. Ние тука во овој Парламент знаеме кои беа уцените за да се гласа за промена на уставното име Република Македонија. Знаеме како се обезбедија 81 пратеник. Уцената кон Димовски беше дека нема да има кривична пријава, и нема да оди во затвор ако гласа за промена на уставното име. Димовски реши да не гласа, и да ја почитува волјата на граѓаните од референдумот. И затоа вчера му ја искршија вратата во куќата. Да не се лажеме, што вашата револуционерна правда спроведува – класична одмазда. Со секој изминат ден се повеќе и повеќе забегувате. Имаме садизам и политички прогон како никогаш во изминатите 70 години. Не ги малтретирајте луѓето затоа што не размислуваат како вас“, рече Ѓорчев.

Поврзани новости