479
Жестока дебата во емисијата 24 анализа во која Хари Локвенец од СДСМ и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ дебатираа за неодамешниот референдум, како и за приведувањето на учесниците од тој настан и неодамнешните судења кои ги оцени како политички прогон врз опозицијата. Ѓорчев смета дека ВМРО-ДПМНЕ може да направи подобар договор од Преспанскиот.
-Во Македонија се води жесток политички прогон како никогаш досега. Премногу далеку се оди од страна на власта, голем е ударот кон луѓето. Треба да кренеме рачна. Премногу сме споротивставени и секој од нас бира дали ќе биде пироман или пожарникар, потенцираше Ѓорчев.
Локвенец му реплицираше дека бегаат од избори, на што Ѓорчев го повика да одат на избори.