„Ако ги погледнеме бројките за цела Македонија со таа тенденција бидејќи цела Македонија се празни, секое село, секој град, Скопје се празни доаѓаме до една ужасна бројка дека само во изминатото полугодие од Македонија си заминале 4000 деца, 4000 ученици се отпишале. Тоа е пораз на владата, тоа се катастрофални бројки“.
Ова денеска на прес конференција го истакна членот на Извршниот одбор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
„Сите тие 4000 деца имаат 4000 мајки, 4000 татковци, дека има деца кои што се отпишале од градинка, дека има отселени луѓе кои што имаат по 20 години а не засновале семејство доаѓаме до една фрапантна бројка дека во времето на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски изминатото полугодие од Македонија си заминале околу 15.000 и 20.000 луѓе, давајќи бројка за иселени во текот на 2022 година од 30.000 до 40.000 луѓе, кои што се млади, кои што се силата на оваа држава кои што се виталност. Еден цел градски стадион полн со луѓе ни се има иселено од Македонија за една година со оваа влада на неразбрани трговци, со овој претседател Пендаровски кој со прст не мрда додека државата се распаѓа, додека Македонија пропаѓа и економски, и демографски. Таче Ковачевски кој што не мрда со прст да направи било што за оваа Македонија, а само тера коалиции, Пазар 3, купи ден-помини, со кој што ќе направи некоја комбинација за да остане месец, два, три или пет да остане повеќе на власт, а се помалку и помалку буквално да ја има Македонија со овие иселувања кои ни се случуваат“, вели Ѓорчев.