Екс амбасадорот Марјан Ѓорчев вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека треба добро да се анализира Договорот од Преспа.
Техничките одредби завршија во февруари годинава и во делот на меѓународна употреба на името Северна Македонија, беше задолжителна промена на документите.
– Во однос на политичките преодни одредби, употреба на документи за внатрешна употреба, точно е наведено дека преодните одредби важат од денот на отворањето на првиот кластер во преговорите со ЕУ и треба да поминат пет години да се даде замена за употребата на поимот Македонија и придавката македонски. Таа пренагласена употреба на поимот Северна во изминатите години не беше потребна. Грција не ратификуваше ниту еден од меморандумите од Преспанскиот договор како треба да се однесува Македонија. Македонија требаше да ги гледа своите национални интереси, да го чуваме тоа што ни е дадено со Договорот – рече Ѓорчев.