Ѓорчев: Македонија биолошки умира со Зоран Заев

by fokus

Со оваа власт, Зоран Заев и неговите 28 министри, Македонија буквално демографски и биолошки умира. Македонија исчезнува како никогаш до сега, а бројките стануваат се полоши, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

„Вчера излегоа податоците од вториот квартал за 2019 година, второто тримесечие, април, мај, јуни за бројот на новородени деца во Македонија, и оваа бројка е најлоша во историјата на Македонија откако има статистика, бројки и завод за статистика на Македонија.

Заводот за статистика вчера ни порача и ни соопшти дека во второто тримесечие, во вториот квартал падот на родени бебиња во Македонија е фрапантни 10,6%. Тоа е огромна демографска рецесија. Тоа е рецесија невидена во историјата на Македонија. Тоа значи дека Македонија се иселува, тоа значи дека градовите и селата ни се празнат. Тоа значи дека за жал Македонија станува земја без народ поради катастрофалните анти – семејни, анти – човечки политики на Зоран Заев и неговите 28 министри.

2018, минатата година, 2018-та беше најлоша демографска година во историјата на Македонија. Е од таа најлоша 2018 година како резултат на политиките на Зоран Заев кога се родија само 21.300 бебиња сега имаме ситуација од таа најлоша демографска година да имаме падови од 10,6%, рецесија од 10,6%.

Во економијата кога ќе падне бројката 1,2,3 или 4 проценти во рецесија се вклучуваат сите аларми и кризни мерки.

Сега со оваа влада, со овој егзодус нам ни се случува рецесија во еден квартал од 10,6%. Зоран Заев воопшто тоа не го допира.

Истовремено имаме во второто тримесечие 2019-та година сега, имаме зголемување на бројот на умрените од 7,3%. И тоа изнесува 4.928 лица. Значи внимавајте за која дискрепанца зборуваме, гледајте за која напредна фаза за жал колку тоа болно и да звучи но мораме да го констатираме на демографско биолошко исчезнување, зборуваме денес во Македонија. Со Зоран Заев, Венко Филипче и Мила Царовска, пад на родените бебиња од 10,6 проценти и раст на умрените од 7,3 проценти.

Ако тоа не е катастрофа тогаш не знам што е. Тоа е физички импириски доказ дека оваа Влада на Зоран Заев не донесе како што велеа „Живот во Македонија“, туку иселување, егзодус и заминување.

Но и министерка за странски инвестиции која што пет минути дава интервју и на пет прашања, една инвестиција не знае да наброи која што ја донела во Македонија. Ниту таа, ниту било кој од министрите.

Да, за жал се случува младите да си заминуваат. Си заминуваат затоа што такви аналфабети, толку неспособни луѓе станаа министри во Владата на Зоран Заев. Да сето тоа е причински последички. Имате министерка за странски инвестиции која што е три години министер, на која што името не и го знаеме, која што една инвестиција не донесе во Македонија, и да благодарение на тоа имаме рецесија во бројот на родени бебиња во Македонија од фрапантни и поразителни 10.6%.

Стануваме уште еднаш ќе речам земја без народ. Ќе ги видите бројките утре, задутре, ден потоа. Ќе дојде првиот училишен ден, празни се училиштата, не може паралелки да се направат. Да, тоа е поврзано со вакви неспособни министри на кои што имињата не им ги знаеме. Кои што пет минути не можат да набројат една фабрика што донеле. И една работа што сработеле“, рече Ѓорчев.

Поврзани новости