491
Снежните наноси го погодија и Скопје, а веднаш се почувствува застој на сообраќајот на дел од улиците низ главниот град.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев порача, Коце Трајановски да се врати на градоначалничката функција и да го исчисти снегот.
„Коце Трајановски да се врати за градоначалник барем на 5 часа за да се исчисти снегот. После тоа нека продолжи Шилегов со игрите на мобилен. Слики од ФИЈАСКОТО на Шилегов со снегот на Рекорд, Илинденска и кај Влада. Оставка!“, напиша Ѓорчев на својот Твитер налог.